© 2019 Cyber Green Market. ELEKTRONSKI ZELEN PAZAR DOOEL Resen.

Илија Бузлевски

Дипл. Нутриционист, М-р по Квалитет и безбедност на храна

Ресен

38978585950

Илија Бузлевски е дипломиран инженер технолог Нутриционист – Магистер на катедрата за Квалитет и безбедност на храна, поборник за здравиот начин на исхрана, истражувач во областа на нутриционизмот како нова научна дисциплина кај нас и максимално професионално ангажиран во истата.
Вработен во сопствен центар за здрава исхрана ИН - 10 во Ресен веќе 4 години.
Учесник на многубројни семинари и конгреси од областа на нутриционизмот како и во делот на квалитетна и безбедна храна.Воедно е и автор на првиот научноистражувачки труд за влијанието на здравата и правилно искомбинирана храна врз човековиот организам односно врз неговиот здравствен статус.

  • LinkedIn - Black Circle
  • Facebook
  • Twitter
  • YouTube
  • Pinterest
  • Instagram

*Please note, that this button is functional  only for our CGM Nutritionist!

Thank you!

КРОМИД


Alium cepa спаѓа во групата зеленчуци. Нутритивната вредност на 100 гр кромид изнесува 40 kcal. Од нутриентите застапени во кромидот јаглехидратите се 9,34 гр, протеини 1,4 гр и мастите со 0,1 гр. Диеталните влакна се застапени со 1,7 гр, а вода има 89,1 гр.
Витаминско минералниот статус на кромидот е од големо заначење за заштита, зачувување и унапредување на човековиот организам. Од витамините застапени се витаминот Ц, А и фолатите во поголеми и Б групи во помали количини. Минералите се застапени преку калиум 146 мг, фосфор 29 мг, калциум 23 мг, селен, манган, бакар, хром, сулфур.
Тие помагаат во превенција на остеопороза кај повозрасни жени. Антиоксидативниот ефект на кромидот се должи на фитонутриентите флавоноиди и полифеноли, кварцетин кој го подигаат имунитетот и имаат антивирусно и антиканцерогено дејство, но и цинк и селен кои го подобруваат имунитетот. Конзумирањето на кромидот помага и во регулирање на шеќерот и холестеролот. Со растителните влакна позитивно се однесува на кардиоваскуларниот систем и намалена гликемија во крвта.
Антиалергискиот ефект му се должи на етанолните екстракти, а бронходилататорниот за подобрување на респираторната функција се должи на присуство на тиосулфонатите во кромидот.
Се користи свеж во разни видови јадења, салати, зачин (свеж, но и сушен). Најдобро се чува во сув, темен и проветрен простор во мрежести вреќи

Аронија – најлековитото овошје во светот

Аронија – најлековитото овошје во светот


Аронијата е овошје кое до неодамна воопшто не беше проучено. Има извонредни лековити својства, а древните Индијанци го користело за приготовка на многу разни лекови и други состојки кои секојдневно ги употребувале. Според најновите истражувања, аронијата е одлична во справувањето со слободните радикали во организамот.

Плодовите на црната аронија се исклучително богати со витамини. Таа содржи витамин Ц, А, Е, Б2, Б6, Б9 и многу реткиот витамин П. Од минералите содржи калциум, калиум, железо, молибден, манган, фосфор и јод. Во сите плодови содржи голема концентрација на антиоксиданси (танини, биофеноли, флавоноиди, антоцијанини, катехини) и се смета дека е поголем антиоксиданс од брусницата. Затоа е корисна во превенцијата против малигните заболувања, ефикасно го прочистува организмот од штетни матерјали па и тешките метали. Освен ова аронијата содржи и редок овошен шеќер сорбитол.

Здравствениот бенефит од користење на аронијата е огромен.Од лековитите својства што и ги препишуваат најмогу се користи за прочистување на крвта, ја подобрува циркулацијата, ги спречува болестите на срцето, ја ублажува мигрената и главоболката, го регулира крвниот притисок и холестеролот, поволно делува на цревата и желудникот, ги намалува воспалителните процеси, ја регулира работата на тироидната жлезда, го спречува развојот на вирусните и бактериските инфекции, го регулира шеќерот во крвта, го успорува развојот на атеросклерозата, штити од деменција и Алцхајмерова болест, лечи уринарни инфекции, овозможува правилна работа на жолчката и црниот дроб покрај тоа што ги прочистува.

Плодовите на Аронијата содржат каротен кој ги штити клетките од оштетувања, го подобрува видот,спречува појава на катаракта. Аронијата исто така штити од UV зрачење, има способност да на себе ги врзува тешките метали и радиоактивни елементи и го овозможува нивното излачување од организмот.

Тиква

Тиква
Тиквата спаѓа во групата на зеленчуци и со својот состав е ризница на витамини, минерали, антиоксиданси, а семките и маслото од неа ја прават уште подрагоцена за здравјето во однос на придобивките од нивно конзумирање.
Месестиот дел е ниско калоричен продукт со 30kcal/100гр. Шеќерите се застапени со 6,5гр/100гр тиква, протеините со 1гр, а вкупно масти има 0,1гр. Водата е застапена со 91,6гр/100гр сирова тиква.
Богата е со витамини и тоа витамин Ц, Б витамини (Б1, Б2, Б3 – ниацин кој е најмногу застапен од оваа група), потоа витамин А, витамин Е, витамин К. Од минерали, тиквата е богата со калиум, калциум, магнезиум, фосфор, натриум (застапен во мала количина) и цинк (застапен во поголема количина).
Во 100 гр тиква има 1,3 гр растителни влакна кои го продолжуваат чувството на ситост, помагаат во перисталтиката на цревата, ја намалуваат ресорпцијата на глукоза и липиди во крвта. Содржи бета каротен и заедно со витамините Ц и Е, аминокиселините кои ги содржи и минералите цинк и калиум, ги неутрелизираат слободните радикали и го подобруваат имунитетот. Од големо значење е за работата на КВС, забите и коските.
Содржината на цинк и кикурбитацин во месестиот дел и семките од тиквата е од огромно значење за зачувување на здравјето на простата и при третман за нејзино заболување од бениген карактер.

Доматот како природен – Антиканцероген и заштитник на вашето здравје !



Доматот е вкусен и лековит зеленчук. Кај нас доматот доста се одгледува и често се користи во исхраната, било како свеж, во форма на сок или како додаток на јадењата.
Неодамна спроведените научни истражувања покажале дека луѓето кои во својата исхрана редовно консумираат домати (solanum lycopersicum) имаат помал ризик да заболат од кардиоваскуларни и малигни заболувања, но и од други хронични болести.
Доматот е високовредна намирница која во себе содржи многу малку масти, калории и холестерол, а изобилува со витамини А и Ц, со бета каротин и минерали.
Доматот ја содржи состојката ликопен. Ликопенот е јак антиоксиданс од групата на каротиноиди. Човечкиот организам не може да ги синтетизира каротиноидите, па затоа тие може да се внесат во организмот само преку храна богата со ликопен.
Истражувачите и научно ја потврдиле заштитната улога на ликопенот во настанувањето на ракот на простата, како и во намалување на ризикот за рак на желудникот, на дојката и на кожата. Мажите кои консумираат 10 домати неделно имаат 45% помали шанси да заболат од рак на простата.
Доматот содржи и органски соединенија терпени (терпеноиди) кои помагаат во блокирањето на туморите.
Доматот ја подобрува работата на цревата, кардиоваскуларниот систем, помага при дијабет, воспаленија на дишните патишта, ја штити кожата од штетните сончеви УВ зраци, ја превенира слабокрвноста, го зајакнува имунитетот, штити од рак и т.н
За да ги искористите сите овие придобивки кои ги нуди доматот Ве советувам за што поголема примена на истиот во вашата домашна кујна.

Грашок

Pisium Sativum е едногодишно зеленчуково растение од групата мешунки, од која за исхрана се користи зеленото семе – зрна. Енергетската вредност е релативно повискоа споредена со другите зеленчуци, а таа произлегува од повисоката вредност на протеини и шеќери (скроб) кој се содржат во него. На 100 гр грашок се ослободува 81 kcal. Содржи Витамин А, Витамин К и други витамини, а од минералите Железо, Калциум, Калиум, Фосфор итн. Содржи и растителни влакна кои се важен елемент при обработка и дигестија на хранливите продукти во дигестивниот систем.
Нутриентите кои се составен дел на грашокот имаат протективно дејство врз човековото здравје и влејаат на негово подобрување. Антиоксидативниот ефект му се должи на катехините, епикатехините, α и β каротенот и фенолните киселини кои го елеминираат штетното дејство на слободните радикали. Во гаршокот се содржи и омега 3 - есенцијална масна киселина која е важна во превенција на кардиоваскуларни заболувања.
Грашакот има низок гликемичен индекс, бавно го подига нивото на шеќерот во крвта, а преку растителните влакна кои ги содржи ја намалува апсорпцијата на шеќерите и холестеролот од дигестивниот систем во крвта. Тоа го прави корисен за дијабетичарите, а од друга страна холинот – витамин од групата Б е протектор на КВC. Куместролот кој го содржи грашакот во огромна мера го намалува ризикот од рак на желудник.