© 2019 Cyber Green Market. ELEKTRONSKI ZELEN PAZAR DOOEL Resen.

Правилното сместување и исхраната на животните се основни и исклучувачки фактори при организирање на органско сточарско производство

Органско сточарско производство

При одбирање видови или раси животни кои треба да се одгледуваат почитувајќи ги принципите за органско производство предност се дава првенствено на автохтоните, од причина што тие се создадени во местото каде се одгледуваат и со најмали вложувања даваат задоволителни резултати. Такви раси животни се: буша во говедарството, праменки во овчарството, домашна автохтона коза во козарството. Овие раси животни се скромни по своите продуктивни карактеристики, но по својата скромност во барањата во однос на негата, сместувањето исхраната и здравствената заштита често можат да конкурираат пекономичност и со далеку попродуктивни раси.
Правилното сместување и исхраната на животните се основни и исклучувачки фактори при организирање на органско сточарско производство. Врзаниот или кафезниот начин на чување на животните не се дозволени. На органски одгледуваните животни мора да им се обезбеди доволно простор во објектите за сместување но и доволно простор во испустите на отворено кои треба да му се достапни на животните.
Храната која ја добиваат органски одгледуваните животни мора да потекнува од природни пасишта и ливади за кои постои доказ дека не се третирани со синтетички препарати кои најчесто се користат при третмани на шумите против разни штетни инсекти или од сертифицирани органски површини.

Пожелно е во склоп на сточарските фарми да постои и растителен дел од каде ќе се обезбедува органска храна за животните и каде ќе може да се употребува шталското
ѓубре кое го продуцираат истите. Доколку на фармата нема растителен дел, сточарот е
должен да набави органска храна од друго сертифицирано стопанство.
За младите животни треба да се обезбеди мајчино млеко за време на периодот кога е истото потребно за правилен раст и развој. Рано исклучување на младите животни кои цицаат, со цел добивање повеќе млеко од нивните мајки, не е дозволено.
Времетраењето на периодот на цицање кај различни видови животни е пропишан со закон.
Во конвенционалното сточарство од аспект на поевтинување на производството и поефикасно користење на механизацијата во самото производство се применуваат мерки како што се отстранување на роговите кај рогатите животни, сечење на опашки кај овците и свињите, сечење на крила и клунови кај пилињата. Сите активности кои доведуваат до осакатување или обезличување на животните во органското сточарство не се дозволени.

Слободното движење на отворено и правилната исхрана во комбинација со правилно одбрани раси животни се главна превентива во органското сточарење но доколку дојде до болести кај животните истите треба да се третираат со синтетички медикаменти се со цел да се избегне страдањето на животните. При третирање на органски животни во лактација периодот на каренца се зголемува двојно. За време овој период млекото кое се добива од животните треба да не се меша со млекото од здравите животни.
Задолжителните вакцини пропишани од страна на државата мора да се аплицираат на органските животни. Вештачкото осеменување на животните е дозволено, но преднос му се дава на природниот начин на парење. Со цел зголемување на плодноста на животните се
препорачува флешинг методот кој подразбира појачана исхрана пред и по осеменувањето/парењето.
Синхронизација на еструс со синтетички хормони со цел вонсезонско парење на животните не е дозволено.
Кастрација кај животните е дозволена, но на помала возраст, бидејќи кастрација на
возрасни животни предизвикува огромна болка и страдање.

А.Г.
Органско