© 2019 Cyber Green Market. ELEKTRONSKI ZELEN PAZAR DOOEL Resen.

Постои ли ризик од вознемирување на кравата кога ќе ѝ ги симнете „розовите очила“ и повторно ќе ѝ ја покажете тажната реалност?

Ќе се испитува дали VR-очилата за крави значат и поквалитетно млеко

Фарма во Московската Околија пред извесно време стана хит откако светските медиуми објавија дека ги лекува своите крави од анксиозност со помош на очила за виртуелна реалност (ВР). Таквите ВР-системи се прилагодени на обликот на главата и на перцепцијата на животното, така што тоа гледа симулација на шарено поле налето. И, се чини, тоа го подобрува нивното севкупно расположение. Иако не е сигурно како тоа влијае на квалитетот или количината на млекото, руските власти планираат „сеопфатно” истражување коешто би одговорило на тоа прашање. Сепак, таквото испитување отвора и неколку други прашања… Дали се исплатуваат батериите за уредот? Постои ли ризик од вознемирување на кравата кога ќе ѝ ги симнете „розовите очила“ и повторно ќе ѝ ја покажете тажната реалност? Ако сè тоа се стави настрана, во состојба каде што други техники – како што пуштање музика кај кравите, не се доволно ефикасни, овој метод можеби ќе се покаже поделотворен.

Крава на сончево зелено пасиште, паси мирисна трева и дишење свеж планински воздух – вака сите го замислуваме природното одгледување на крава што ќе произведе вкусно млеко и месо.

Реалноста за повеќето крави, а потоа и за нас нас потрошувачите генерално е различна. Кравите генерално се одгледуваат во затворени или полуотворени фарми, на неколку квадратни метри, опкружени со сив бетон.

Како и да е, како што науката покажа дека среќните крави даваат подобро и поквалитетно млеко и месо, руските земјоделци се здружиле со ИТ секторот да создадат виртуелни очила што им ја покажуваат виртуелната реалност на кравите – зелени пасишта полни сонце.

VR очилата ги промовира московското Министерство за земјоделство и храна

Тестиран е прототип на очила за виртуелна реалност на фарма во московскиот регион за подобрување на условите за кравите. Тоа е глобален тренд во дигитализацијата на земјоделскиот сектор. Руските производители на млеко не се далеку од светските стандарди и се подготвени да понудат нови решенија на пазарот, според Министерството за земјоделство и храна на московскиот регион.

Со вообичаените услови за чување добиток, се повеќе внимание се посветува на емоционалната состојба на животните. Примери на млечни фарми низ целиот свет покажуваат дека количеството и квалитетот на млекото се зголемува во тивка атмосфера.

Така, американските земјоделци инсталираат автоматски ротирачки четки кои „глумат“ масер во шталите. Министерството соопшти дека роботските системи се користат во Европа за да му се обезбеди на добитокот што е можно поголема слобода на движење. Во московските предградија сточарите пуштаат класична музика.

Единствена програма за симулација на поле во лето

На Универзитетот Вагенинген од Холандија се изучувале условите на животната средина и било заклучено дека тие имаат значително влијание врз здравјето на кравите, но и врз квалитетот и количината на произведеното млеко. Овој наод го потврдуваат и истражувачите од шкотскиот рурален колеџ. Врз основа на интервјуа со земјоделци кои користат различни системи за благосостојба на добиток, се заклучува дека ваквите услови имаат позитивен ефект врз квалитетот на млекото.

Програмерите во студијата за виртуелна реалност во соработка со ветеринари и советници за производство, адаптирале VR очила за луѓето, земајќи ги предвид структурните карактеристики на главата на кравата. Врз основа на бројни студии за видот на добиток, покажувајќи крави кои подобро ги перцепираат нијансите на црвениот дел од спектарот и послабите зелени и сини тонови, креаторите на VR создадоа единствена програма за симулација на поле во лето.

Подобрената технологија треба да влијае на целата индустрија. За време на првиот тест, експертите забележаа намалување на вознемиреноста и зголемување на целокупното емоционално расположение на стадото. Влијанието на очилата VR врз производството на кравјо млеко ќе се покаже со понатамошна сеопфатна студија.

А.Г.
Свет